Македонија
4. May 2018 - 13:07

Нова средба на Коѕијас и Димитров во Солун

Според информациите  од Министерството за надвор политика билатералната средба ќе се оддржи по средбата на министрите од 4-те држави Македонија, Бугарија, Албанија и Грција.

Двата министри вешто ги избегнаа новинарските прашања кога влегуваа во центарот каде што се одржа овој министерски состанок.

Коѕијас кратко само оодговори дека не разговарале за името на неформалната вечера поради тоа што таму биле и другите министри на Бугарија и Албанија.

Шефот на македонската дипломатија Димитров исто така не сакаше да  ги сподели своите очекувања од денешната средба. На новинарско прашање дали се додени до ќорсокак Димитров рече дека ќе се разговара за тоа.