Македонија
5. јуни 2016 - 19:20

Нова спортска сала во Оризари

До крајот на годината ќе бидат изградени 99 од вкупно планираните 140 спортски сали. Дел од овој проект е и салата  во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во во кочанско Оризари која денеска ја посети лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски заедно со заменик министерот за образование.  За нејзина изградба вложени се 40 милиони денари, а во неа веќе спортуваат младите. Според Груевски исполнето е уште едно ветување од страна на партијата.

- Тука бев во декември кога беше во фаза на градба, а сега е завршена и се користи. Тоа е прва сала во Оризари, а втора во Кочани. И двете сали се со простор за публика, целосно опремени со реквизити за различни спортови, мал фудбал, пинг понг, гимнастика и други спортови, изјави Груевски.

Изградбата на спортски сали е заеднички проект на министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт,

- Веројатно во првата половона следната година ќе почне изградбата на стотата сала што ја прави оваа Влада и мене тоа ме радува, бидејќи работите се движат во добра насока односно онака како што е зацртано и ветено на граѓаните, пред се, на младите и на сите оние кои сакаат да се занимаваат со спорт, спортските клубови, училиштата, изјави Груевски за време на денешната посета на Општина Кочани. 

Груевски посетата во општина Кочани ја заврши со средба со жителите на село Долни Полог.