Македонија
1. December 2021 - 16:38

Нова понуда на Телеком со неограничен интернет

За сите нови корисници, Телеком со нова понуда  на пазарот - неограничен интернет, како и субвенција од 22 илјади денари за купување нов телефон или друга услуга.

Од компанијата велат дека забрзано работат и на 5Г мрежата, а во моментов имаат покриено 40% од територијата на државата.

Услугата од 5та генерација ќе биде достапна веќе од првото тромесечие наредната година.