Loading Video...
Спорт плус
24. August 2019 - 17:03

Нова пол-позиција за Маркез пред британското Гранд-при

Актуелниот светски првак Марк Маркез ќе стартува од пол-позицијата на утрешната 12-тата трка во Мото ГП шампионатот, која ќе се вози за Британското Гранд-при

Мотоциклистот на Хонда денеска во квалификациите на патеката „Силверстон“ имаше најбрзо време, со што по четврти пат во низа, а вкупно осми сезонава ја освои пол-позиција. 

Шпанецот зад себе ги остави Валентино Роси кој ќе стартува од втората позиција, а по него во стартниот грид ќе бидат: Милер, Куартараро, Ринс, Винаљес, Довициосо како седми. 

Во Генералниот пласман, водечки е Маркез со 230 бодови, пред Довициосо со 172, односно Петручи кој досега собра 124 бодови. 

Британското Гранд-при ќе се вози утре, а стартот на трката е во 14 часот.