Loading Video...
Ракомет
19. September 2018 - 9:45

Нова победа на Вардар во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар ја остварија и четвртата победа во новата сезона од СЕХА лигата во која ја бранат и шампионската титула.

Вардарци синоќа пред својата публика ја совладаа романската Стеауа со 27-21, со што го оддржа максималниот ефект и врвот на табелата

Кисељев и Кристопанс со по пет постигнати гола, беа најефикасни во редовите на Вардар, за кој голманот Милосављев оствари 11 одбрани.

Во следното коло „црвено-црните“ повторно играат на домашен терен, откако на 2 октомври во Скопје го пречекуваме српскиот шампион Војводина