Ракомет
13. December 2016 - 18:16

Нова победа на Романките на Европското првенство

 
 
 Со натпреварот Романија и Чешка кој заврши со победа на Романките, отворена е денешната програма на Европскиот шампионат за ракометарки што се одржува во Шведска.
 
Во мечот од втората група чиј домаќин е градот Хелсинборг, ракометарките на Романија ја совладаа Чешка со 30-27 полувреме 17-14.
 
Со оваа победа и новите два бода романските ракометарки остануваат во игра за едно од двете места кои носат пласман во полуфиналето на шампионатот.
 
Во оваа група вечерва се играат и средбите Унгарија - Норвешка и Данска - Русија.
 
На табелата водечка сега Норвешка и Романија имаат по шест бодови, додека Данска која е на третото место има четири, а Чешка и Русија по два, додека последно пласираната Унгарија без освоен бод нема нити теоретски шанси за пласман во полуфиналето.