Loading Video...
Тенис
19. April 2018 - 13:11

Нова победа на Јотовски на Фјучерсот во Анталија

Томислав Јотовски продолжува со добриот настап во Анталија
 
Најдобро рангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски ја оствари и втората победа на Ифучерс турнирот во Анталија кој се игра за награден фонд од 15.000 долари. 
 
Откако вчера го совлада најдобриот турски тенисер Марсел Илхан денеска Јововски со пресврт славеше триумф над Италијанецот, Давиде Галопини. 
 
Првиот сет му припадна на Италијанецот со 6-4, но во следните два Јотовски заигра многу по концентрирано па ги реши двата сета во своја полза со 6-4 и 6-3. 
 
Во следната рунда (четврфиналето), Томи ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Чехот, Павел Неједли и Аргентинецот, Томас Липовшек кој е осми носител на овој турнир.