Македонија
16. March 2020 - 23:19

Нова лидерска средба за одложување на изборите

Здравјето на граѓаните е најважно, затоа двете најголеми партии бараат одложување на изборите. Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ побарал од претседателот Пендаровски свикување лидерска средба на која ќе се разговара на оваа тема.

И за лидерот на СДСМ Зоран Заев безбедноста на граѓаните во овој момент е најважна и тој повикува на организирање на лидерска средба.

Поддржка за одложување на изборите доаѓа и од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Изборите и кампањите се последни на нашата агенда на  приоритети, затоа што ги ставивме сите наши човечки, интелектуални, институционални капацитети во служба на победа во заедничката битка против вирусот. Сега, потребна ни е победа над вирусот, а не изборната победа. Ќе се справиме со изборите и кампањата откако ќе ја надминеме оваа закана за сите нас“, се вели во соопштението на ДУИ.

И од ДИК веќе побараа одложување на изборите.