Македонија
10. July 2016 - 16:14

Нова инвестиција во Крушево ќе отвори 300 нови работни места

Најголемата грчка компанија за откуп на тутун ќе отвори свој капацитет во Крушево. Планирано е да вработи 300 лица. Инвестицијата е вредна 3 милиони евра, а на есен се очекува да почне изградбата на откупниот центар. Како што посочи лидерот на владеачката партија Никола Груевски  при посетата на градот на културата, компанијата веќе работи во изнајмен објект и врши откуп на тутун.

Три нови инвестиции ќе се реализираат и во општината Кривогаштани. Сите три се од земјоделскиот сектор кој е од особено значаен за овој регион. Ќе се гради фабрика за преработка на земјоделски производи, вредна околу 1,5 милиони евра. Втората инвестиција е за преработка на суви и смрзнати земјодеслки производи, а третата фарма на компанијата Везе Шари во вредност од околу 3 милиони евра.

Инвеститорот кој ќе гради преработувачки центар за смрзната храна планира производите да ги пласира на странските пазари.

Сопственикот на компанијата Везе Шари при вчерашната средба со Груевски посочи дека владината поддршка му овозможила да добие дозвола за извоз на производите во ЕУ како и многу други поволности. Планира наскоро да отвори капцитет за пререботка на месо.

Очекувањата се дека новите инвестиции во Кривогаштани само во првата година ќе вработат 100 лица, и дополнително повеќе од 100тина сезонски работници. Како што посочуваат инвеститорите владината поддршка најмногу им помогнала да донесат одлука за инвестирање.