Бизнис
21. October 2015 - 20:06

Нова инвестиција во Илинден – Можност за 500 нови вработувања

Австриската компанија “Текспорт” започна со изградба на фабрика во општина Илинден. Со инвестицијата вредна 4,5 милиони евра планирано е да се вработат од 450 до 500 лица, а ќе се произведува заштитна работна облека за противпожарните служби. Инвеститорот кој е присутен во земјава од 97 година информираше дека поради поволната бизнис клима и понатаму останува во Македонија.

 Компанијата има производствен погон во Кочани, а вчера беше пуштен во употреба и погон во Виница каде што се вработија 180 луѓе.

Градоначалникот на Илинден истакна дека станува збор за една од поголемите инвестиции во зоните во општината,  а се очекува фабриката да започне со производство за една година.

Во слободните економски зони во Илинден досега има над 160 домашни и странски инвеститори.