Македонија
8. December 2019 - 9:38

Нова градинка во струмичко Муртино

Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална работа Мила Царовска денеска ќе присуствуваат на пуштање во употреба на нова градинка во Муртино, Струмица.

По разгледувањето на просториите на новата градина, предвидени се изјави за медиумите од премиерот Заев, министерката Царовска и градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски.