Македонија
28. February 2016 - 13:25

Нова фасада на зграда во Центар

Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на улицата „Владимир Полежановски“ 19, со површина од 1 574 метри квадратни.

Нова фасада, како што најавуваат од Општината, ќе добие зградата која била изградена во педесеттите години од минатиот век и е меѓу првите колективни згради во Буњаковец.

- Ќе биде задржан нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 проценти пониски сметки за електрична енергија. Се работи за контактна фасада, изведена со стиропор со дебелина од 5 сантиметри и завршен слој од пластичен малтер. Исто така, ќе се заменат и окапниците и олуците, се наведува во соопштението од Општината.

Со оваа интервенција, општина Центар реконструираше десет фасади за две години.