Свет
5. December 2016 - 15:50

Нова авионска несреќа - Руски авион се урна во Средоземното Море

Руски ловец „Су-33“ се урнал во Средоземното Море откако излетал од бродот носач „Адмирал Кузњецов“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што пренесува Танјуг, пилотот успешно се катапултирал пред паѓањето.

Во извештајот се наведува дека причина за падот на „Сухој“-от е кинење на една од сајлите коишто служат за сопирање на авионот. Се истакнува и дека овој инцидент нема да влијае на продолжувањето со воените вежби во Средоземното Море.

Ова е втор ваков случај за неполн месец каде руски авион паѓа од палубата на носач. Кон средината на ноември падна и еден „МиГ 29“.