Балкан
1. December 2019 - 14:44

Нов земјотрес во Албанија, Тирана и Драч повторно на удар

Нов земјотрес со јачина од 4 степени, ја потресе денеска Албанија во 12.42 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри од Драч и 40 од Тирана, на длабочина од 2 километри.

Овој земјотрес е четврти кој денеска ја погоди Албанија, бидејќи од 7 до 8.20 часот утрово оваа земја ја погодија три земјотреси од 3,7, 3.4 и 4,2 степени со епицентри околу 40 километри северозападно од Тирана. Засега нема податоци за евентуални жртви.

Албанија на 26. ноември ја погоди разорен земјотрес со јачина од 6,4 степени во кој настрадаа 50 лица, а повредени се најмалку 2.000. Од тогаш не престана да се тресе тлото.