Македонија
11. November 2020 - 15:45

Нов земјотрес со јачина од 4.9 степени почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава,на 11.11.2020 година во 15 часот и 25 минути, регистрира уште еден земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на  50km југозападно од Скопје. Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML5.0.

Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, Дебар и Кичево со интензитет V, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Струга, Охрид, Битола, Прилеп и околината со III-IV степени според истата скала.