Нов Зеланд излезе од рецесија

Нов Зеланд и официјално излезе од рецесијата поврзана со пандемијата на коронавирусот откако забележа рекорден раст од дури 14 проценти во третиот квартал, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.
Нов Зеланд забележа пад на бруто домашниот производ (БДП) за 11 проценти во вториот квартал, за време на кој тој главно беше во карантин.
Министерот за финансии Грант Робертсон рече дека драматичниот пресврт се должи на успехот на Нов Зеланд во борбата против коронавирусот, кој бележи само 25 смртни случаи во земја со пет милиони жители.
– Економското закрепнување е резултат на нашата одлука да дејствуваме силно и брзо за време на пандемијата на Ковид-19. Планот за субвенционирање на платите поддржа над 1,8 милиони работници. Инвестиравме милијарди долари во инфраструктура, обука и создавање работни места, рече министерот Робертсон.
Според Институтот за статистика на Нов Зеланд, услужните дејности се движечката сила на овој силен раст, со 42,8 отсто зголемување на услугите за малопродажба, сместување и храна, бидејќи жителите на Нов Зеланд се вратија во речиси нормален живот по успешната апстиненција.
Ново на Сител
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
