Свет
9. јуни 2017 - 12:51

Нов терористички напад на пазар - Крв и мртви тела насекаде

Најмалку 20 лица загинаа во напад на бомбаш-самоубиец во Ирак.

Бомбашот-самоубиец се кренал во воздух на фреквентен пазар во градот Мусаиб, на 60 километри јужно од Багдад, јави ТАСС.

Во нападот во Мусаиб, во кој живеат претежно шиити, се ранети 30 лица.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.