Спорт плус
29. August 2016 - 14:44

Нов светски рекорд во фрлање кладиво

Влодарчик пред нецели две недели на Олимписките игри во Рио де Жанеиро победи во дисциплината  фрлање кладиво со нов светски рекорд (82,29 метри), кој го собори на митингот во Варшава.
 
Новиот светски рекорд на оваа 31-годишна полска атлетичарка сега изнесува 92,98 метри.
 
Влодарчик е единствената жена во историјата на атлетиката која кладивото успеала да го фрли на далачина поголема од 80 метри.
 
Новиот светски рекорд таа реши да му го посвети на сонародниот Томаш Мајевски кој реши да стави крај на кариерата.
 
„Ова е мојот подарок за Мајевски кој ја заврши кариерата“, рекла Влодарчик.
 
Мајевски е двократен олимписки шампион (Пекинг и Лондон) во фрлање ѓуле, тој во Рио го освои шестото место.