-->
-->
Нов светски рекорд на Вејд ван Никерк
-->
Јужноафриканскиот атлетичар Вејд ван Никерк постави нов светски рекорд во трката на 300 метри. Актуелниот олимписки и светски рекордер на 400 метри, на атлетскиот митинг во Острава оствари резултат од 30,81 секунди и го урна рекордот на легендарниот Мајкл Џонсон од 30,85 секунди поставен во 2000 година. Тој исто така го поправи и рекордот на митингот кој досега го држеше Усеин Болт со резултат од 30,97 секунди.
Тој за помалку од една година по втор пат урива рекорд на Мајкл Џонсон. На ОИ во Рио де Женеиро, јужноафриканскиот атлетичар постави нов светски рекорд и на 400 метри. Тој го освои златниот олимписки медал во оваа дисциплина со резултат од 43,03 секунди и за 15 стотинки истрча побрзо од претходниот светски рекорд на Џонсон од 1999 година изнесуваше 43,18 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана