Свет
21. January 2016 - 8:50

Нов случај на ебола во Сиера Леоне ги разби надежите дека епидемијата е искоренета

Властите во Сиера Леоне потврдија втор случај на заболен од ебола за помалку од една недела, пренесува БТА.

Портпаролот на Министерството за здравство на западноафриканската земја рече дека новиот пациент е 38-годишна жена, роднина на лицето кое на 12 јануари почина од ебола, а која се грижела за него. Тестот за ебола на починатиот беше направен дури по неговата смрт.

Оваа вест предизвика тревога во земјата и се смета за нов неуспех во обидите за искоренување на смртоносната епидемија во регионот, од која починаа 11.300 лица.