Балкан
5. November 2018 - 11:45

Нов силен земјотрес го стресе Закинтос

 
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денес го погоди грчкиот остров Закинтос, соопштија официјални лица.

Потресот се почувствувал во 8:46 часот по локално време, 40 километри југозападно од Закинтос.

Од крајот на октомври во околината на Закинтос во Јонското море беа регистрирани голем број земјотреси од кој најсилниот со јачина од 6,4 степени по Рихтер.