Свет
30. October 2019 - 17:24

Нов шумски пожар во Калифорнија

Нов шумски пожар избувна во јужниот дел на Калифорнија, додека силен ветер од пустината Санта Ана дува ширум регионот.

Официјални претставници на округот Вентура напишале на Твитер дека е наложена итна евакуација од опожарените подрачја.

Пожарот избувнал во раните утрински часови во градот Сими Валеј, околу 32 километра североистоќно од центарот на Лос Анџелес.

Во близина на огнетата стихија се наоѓа и претседателската библиотека Роналд Реган.