Loading Video...
Кошарка
10. February 2019 - 16:00

Нов рекорд на Вестрбрук во победа на Оклахома кај Хјустон

Дерби дуелот во НБА лигата меѓу Хјустон и Оклахома им припадна на гостите кои и покрај негативата од 26 поени во третиот период, на крајот славеа триумф со 121-117.
 
Пол Џорџ со 45 поени беше прв стрелец кај „Тандерси“ за кој Расел Вестбрук против оствари нов „трипл-дабл“ со 21 поен, 12 скока и 11 асистенции. За Встрбрук ова деветти во низа „трипл-дабл“ со што го израмни рекордот на Вилт Чемберлејн стар 50 години, а веќе на следниот меч против Портланд на домашен терен ќе има можност да го надмине.
 
На домаќините не им помогна ниту незапирливиот Џејмс Харден кој постигна 42 поени со што популарниот „брада“ ја продолжи серијата на дури 29 натпревари во низа на кои постигна 30 или повеќе поени.