Македонија
17. November 2022 - 21:16

Нов протест на студентите за студентски стандард

Жолт картон за прва опомена на политичарите, минута молк за студентскиот стандард. Обедените – од приватните и државни универзитети, студентите побараа подобри услови на студентските домови, реновирање на тоалетите, изземање од антикризните владини мерки, целосно спроведување на законот за студенски одброк, односно сумата од 120 од март да се зголеми на 150 денари.

Условите во студенстките домови се лоши. Посебно хигиената во тоалетите во Пелагонија и Стив Наумов. Затоа студентите бараат државата да најде пари и да ги реновира

Политичарите да го заменат своите удобни фотељи и вкусни оброци и  да видат во какви услови и какви јадења конзумираат.

Студентите ги повикаа политичарите да ги посетат. Сумата од март за студенските преку како последна опомена на политичарите за подобар стандард на студентите.

Министерот за образование им ветил дека до наредната среда ќе изготви Акциски план, каде со конкретни рокови ќе се решаваат проблемите со кои се соочуваат студентите, пред се хигиената и реконструкцијата на тоалетите.

Инаку денеска е Меѓународен ден на студентите. По тој повод  организираат марш од пред Владата до Министерството за образование