Бизнис
28. July 2020 - 16:53

Нов пакет економски мерки за штетите од епидемијата ќе треба да донесе новата Влада

Нов пакет економски мерки дури во септември, со формирањето на новата Влада. Дотогаш за граѓаните и стопанството ќе важат мерките кои беа донесени со претходните уредби.  

Вицепремиерката Царовска посочи дека веќе се преговара со бизнис секторот и со сите засегнати страни за нов четврт пакет економски мерки, но дека во моментов не може да се носат уредби. Се очекува најскоро да се формира нова влада па потоа да  се донесат програми за поддршка кои ќе им помогнат и на фирмите и на граѓаните. Во меѓувреме компаниите неколку пати алармираа дека им е неопходна финансиска помош затоа што нивната ликвидност е нарушена поради кризата со вирусот.

Царовска тврди дека нема да пропаднат ниту ваучерите за кои беа поднесени приговори. За нив само ќе биде пократок рокот за користење на ваучерот. Станува збор за околу 9.000 приговори  за кои  допрва треба да се изготват картичките, а рокот до кога треба да се искористат е 15 август.

Во  новиот пакет мерки бизнисот очекува да  продолжи да важи помошта за исплата на 14. 500 денари по вработен. А се очекува  платежни картички да добијат и пасивните невработени и пензионерите со ниски примања.