Свет
6. јуни 2017 - 21:35

Нов напад во Париз - полицијата застрела едно лице

Нов напад во центарот на Париз. Француската полиција застрелала едно лице кое се обидело да нападне полицаец. Нападот бил извршен пред полициска станица која се наоѓала во близина на катедралата Нотр Дам. 
 
Инцидентот се случил околу 16 часот. Кога напаѓачот се обидел со чекан да го нападне полицаецот, при што бил застрелан од друг полицаец. Како што пренесуваат француските медиуми, нападнатиот полицаец е полесно повреден, а додека напаѓачот е ранет во пределот на градите, по што е пренесен во болница. 
 
„Ова е за Сирија “ биле последните зборови на напаѓачот кој пред катедралата  Нотр Дам во Париз нападна полицаец – ова го изјавил пред новинарите францускиот министер за внатрешни работи Жерард Коломб. 
 
„Напаѓачот се појави позади полицаецот, вооружен со чекан почна да го напаѓа. Колегите на нападнатиот полицаец возвратиле со смиреност по што биле принудени да пукат. Напаѓачот пред инцидентот во солзи силно извикуваше „ова е за Сирија “ - изјави Жерард Коломб, француски министер за внатрешни работи. 
 
Веднаш по настанот француското обвинителство започна истрага за нападот во Париз. 
 
„ Одделот за борба против тероризмот при париското Јавното обвинитество започна истрага за мотивите за денешниот инцидент во Париз, при кој засега неидентификувано лице се обиде да нападне полицаец на плоштадот пред црквата Нотр Дам. “ -  велат од Француско обвинителство.
 
Париската префектурата побара од туристите и локалните жители да го избегнуваат реонот на нападот, кој е еден од најпосетуваните во Европа. Годишно црквата Нотр Дам ја посетуваат над 13 милиони туристи.
 
Истрагата за настанот ја води антитерористичкиот оддел на јавно обвинителство, во соработка со полициските оддели за справување со криминалот и за борба против тероризмот како и со дирекцијата за внатрешна безбедност. 
 
Ова е последен од серијата напади врз полицијата во Париз. Пред само неколку месеци еден полицаец беше убиен, а двајца потешко ранети во нападот кој се случи кај елисејските полиња.