Свет
20. November 2015 - 11:25

Нов напад на џихадистите: Пукање, експлозии и заложничка ситуација во хотел во Мали

Џихадистите, утрово, упаднаа во луксузниот хотел Радисон во Бамако, Мали, Западна Африка. Пукање и експлозии се слушаат на сите страни, а заложничката ситуација е во тек, пренесува Russia Today.

Сведоците известија дека напаѓачите пристигнале со дипломатско возило. Полицијата е на лице место.