Свет
29. July 2017 - 19:13

Нов напад, има жртви

Една особа е убиена, а неколку ранети во напад со нож во супермаркет во Хамбург, јавува „Euronews“.

Еден човек е мртов, а четворица се повредени. Полицијата и пожарникарите добиле повик во 15:11 часот. Очевидци јавуваат дека маж со нож шета по улиците. Сеуште не се знае колку се тешки повредите на нападнатите.

Полицијата по 30 минути од нападот го уапсила напаѓачот. Полицијата по апсењето трага по уште еден маж. Издадено е предупредување од тероризам.