Свет
24. May 2017 - 19:56

Нов напад: Две лица загинаа при две експлозии на автобуска станица во Џакарта

Две експлозии одекнаа на автобуска станица во индонезискиот главен град Џакарта, при што загинаа две лица, а најмалку петмина се повредени, соопшти полицијата.

- Две експлозии одекнаа околу 21 часот по локално време. Има жртви, изјави началникот на полицијата во источниот дел на Џакарта, Андри Вибоуо.

На телевизиските снимки може да се види како се издигнува дим над станицата и полицајци кои ги евакуираат настраданите.

Полицијата претпоставува дека станува збор за самоубиствен напад, во кој освен напаѓачот е убиен и еден полицаец.

Двете експлозии се случиле во период од пет минути, а меѓу повредените има и припадници на полицијата.