Нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан
Семинар на тема „Новите градови на Балканот: Реконструкција за каква иднина?“ на кој ќе се дискутира за нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан, ќе се одржи денеска во Скопје.
Семинарот, како што е најавено, ќе го отворат министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, а го организира Францускиот институт во Скопје.
Во рамки на семинарот ќе се одржат две тркалезни маси на тема „Престолнините за 30 години: предизвици на иднината“, со учество на Жак Леви, специјалист од областа на политичка географија, професор на Политехничката школа во Лозана и автор на повеќе дела, и „Интелигентни градови, нови технологии “, со учеството на Лоран-Пјер Жилијар, заменик-директор на Агенцијата „Акитен Нимерик“, чие излагање ќе биде преку видео-конференција.
Ќе учествуваат и повеќе реномирани домашни експерти и професори од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората