Нов итен состанок на СБ на ОН за Сирија
Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница на барање на Русија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија.
Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутререш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација во Сирија.
Состанокот, што е закажан за 16 часот по средноевропско врема, ќе биде отворен за јавност.
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја вчера апелираше до САД и нивните сојузници да се воздржат од воени акции против Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје, истакнувајќи оти „итен приоритет е да се спречи опасноста од војна“.
Тој одговарајќи на прашање дали мисли на војна помеѓу САД и Русија, наведе дека „за жал, Русија не може да да исклучи ниту една можност“.
- Ги видовме пораките кои доаѓаат од Вашингтон. Многу се воинствени, потенцира Небензја.
Тој додаде дека САД знаат дека руски сили се распоредени во Сирија.
- Опасноста од ескалација е многу поголема кога станува збор за самата Сирија, бидејќи нашата војска е таму... Затоа ситуацијата е многу опасна, истакна рускиот амбасадор во ОН.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти