Спорт плус
17. August 2017 - 18:56

Нов допинг скандал во велосипедизмот

Поранешниот олимписки велосипедски првак Самјуел Санчез привремено е суспендиран поради  позитивен допинг тест. 

Меѓународната велосипедска унија соопшти дека шпанскиот велосипедист е тестиран на 9. август надвор од натпреварувањето и дека сите негови допинг резултати биле позитивни на хормонот за растење. Занчез има прав да бара анализа на Б- примерокот. 

Санчез освои златен медал на друмската трка на ОИ во Пекинг 2008 година и требаше да настапи на шпанската Вуелта, трка која стартува во сабота.