Џет-Сет
26. October 2017 - 14:33

Нов албум на Жељко Бебек

Легендарниот пејач Жељко Бебек денеска во Белград го промовираше својот нов албум „Оно нешто наше“, на ЦД и на плоча.

Се работи за дискографски проект кој се најавува подолго време, а беше навестен со синглот „Првак света“, промовиран на ЦМЦ фестивалот во Водици во 2015 година. На албумот се наоѓаат вкупно девет песни.

Продуцент на плочата е Бранимир Михаљевиќ, кој воедно е и автор повеќето песни.

- Трите сингла коишто настанаа пред самото излегување на албумот и реакцијата на публиката на нив, ми беа доволен знак дека дошло време за нов албум, а од последниот поминаа пет години. Влегов во студио и со Бранимир ги снимив песните, што пак, ги пеев уживајќи. И од моментот кога завршивме со снимањето, нестрпливо го чекавме денот кога и физички ќе го држиме в раце, изјави Бебек.

Тој додаде дека гостин на албумот е Оливер Драгојевиќ.