Норвешка ја повлече од употреба вакцината на АстраЗенека
Норвешка официјално ја повлече од употреба вакцината на Астра Зенека против Ковид-19, објави ДПА.
Премиерката на државата Ерна Солберг изјави дека одлуката е донесена врз основа на препораките на експертска комисија и на Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI), кои советуваат да се изземат од норвешката програма за имунизација вакцините на Астра Зенека и на Џонсон и Џонсон поради ризик од многу ретки, но сериозни несакани ефекти.
Владата во моментов размислува да им ја понуди вакцината на Џонсон и Џонсон на оние кои сакаат да бидат имунизирани со неа.
Норвешка прекина да ја користи вакцината на Астра Зенека на 11 март како мерка на претпазливост, откако беше пријавено згрутчување на крвта по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи. Дотогаш, околу 138.000 луѓе беа имунизирани со таа вакцина.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно