Свет
3. January 2018 - 12:52

Норвешка го прекина извозот на оружје за Обединетите Арапски Емирати

Норвешка го прекина извозот на оружје и муниција за Обединетите Арапски Емирати поради опасност дека тие би можела да бидат искористени во војната во Јемен, соопшти денеска норвешкото Министерство за надворешни работи. 

Обединетите Арапски Емирати се дел од арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија, што беше создадена во 2015 година со цел да се бори против јеменските шиитски бунтовници Хути, кои се поврзани со Иран и контролираат голем дел од северен Јемен. 

Во војната во Јемен, досега загинаа над 10.000. 

Иако во моментов нема докази дека оружјето што е произведено во Норвешка се користи во Јемен, постои ризик што е поврзан со военото учество на Обединетите Арапски Емирати во земјата, наведоа норвешките власти.