Македонија
10. May 2018 - 12:08

Нормализирано водоснабдувањето на Дојран

Од доцна синоќа нормализирано е водоснабдувањето на Дојран. По дводневен прекин, предизвикан од голем дефект на станицата во месноста Деребаш, синоќа екипи на Јавното комунално претријатие „Полин“ успеaја да ја поправат пумпата, со која се црпи вода за снабдување на општината.

- Од доцна синоќа, со големи напори на вработените во комуналното претпријатие, нормализирано е водоснабдувањето. Се работеше за голем дефект кој успешно е саниран, информираше градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Вчера и завчера наслението се снабдуваше со техничка вода од цистерни и од околните чешми.

Ново на Сител