Македонија
12. November 2016 - 11:48

Нормализиран сообраќајот на патот Скопје - Тетово

Сообраќајот на автопатот Скопје - Тетово кај Групчин е нормализиран, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Овој патен правец беше блокиран од 10 часот во двата правца поради собир на граѓани.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.