Македонија
4. July 2018 - 11:48

Нормализиран сообраќајот на патот Градско-Прилеп поради штрајк

 Сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп од 10:40 часот е нормализиран.

Сообраќајот беше во прекин во двата правца за сите возила.

Како што соопштија од Автомото сојузот на Македонија прекинот беше поради штрајк што се одржуваше на овој патен правец.