Македонија
9. December 2016 - 20:20

Нормализиран сообраќајот на патот Делчево-Штип

Сообраќајот на регионалниот пат Делчево-Штип од 19:20 часот вечерва е нормализиран во  двата правци, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Товарното моторно возило кое беше  излетано од патот кај надвозникот во Облешево е извлечено, а сообраќајот е целосно оспособен за сите видови моторни возила.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.