Македонија
16. January 2020 - 12:49

Нормализиран сообраќајот на автопатот кон Штип кај наплатната рампа Миладиновци

Од 11:45 часот нормализиран е сообраќајот на автопатот кон Штип кај наплатната рампа Миладиновци, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

На автопатот Велес-Скопје, кај местото Кула утрово околу осум часот се случи сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила, поради што патниот правец беше целосно затворен за сообраќај.

Во верижниот судир меѓу шест возила три лица се повредени, од кои две се однесени во велешката Општа болница, а едно е пренесено во Скопје.