-->
-->
Ноле стартува од Доха
-->
Новак Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне на АТП-турнирот во Доха, соопшти организаторот.
Ѓоковиќ, кој годината ја заврши на 12. место на АТП-листата, поради повредата на лакотот, направи долга пауза. Тој не играше од четврт-финалето на Вимблдон кога му го предаде мечот на Томаш Бердих.
Инаку, официјално на терените Србинот ќе се врати на егзибицискиот турнир во Абу Даби.
АТП-турнирот во Доха се игра од 1 до 7 јануари, а учеството го потврдија Доминик Тим, Пабло Карењо-Буста, Томаш Бердих, Жо-Вилфред Цонга…
Овој турнир за учесниците е подготовка за првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.
Ѓоковиќ ја брани титулата во Доха, тој на почетокот на годината во финалето го победи Енди Мареј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ
-
Шаќири: Се разгледуваат сите начини за учебната година да заврши на 10 јуни
-
Дојавите за бомби во белградските училишта ќе бидат окарактеризирани како терористички акт
-
Сали: Состојбата со Ковид-19 стабилна, постојните мерки треба да останат
-
176 случаи на Ковид-19 за три дена во земјава, починати се 2 лица
-
Милошоски: Пцостите на спикерот се досега најтешка повреда на Етичкиот кодекс
-
Мицкоски: ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за следните чекори на партијата во однос на активната болкада
-
РКЕ: Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува