Свет
21. May 2018 - 13:55

Нокиа обезбедила 100 милиони евра за инвестиции

Финската компанија ХМД, која е правен наследник на Нокиа, денеска соопшти дека обезбедила 100 милиони долари кои ќе ги инвестира во развојни проекти.

Средствата биле обезбедени од инвестициската компанија Ди-Ем-Џи Азија и тајвански Фокскон. Главна цел на компанијата е да ја зголеми продажбата на мобилни телефони под брендот Нокиа. ХМД продаде 70 милиони Нокиа елефони во 2017 година, и имаше промет од 1,8 милијарди евра.