
Ракета на СпејсИкс (SpaceX) експлодираше во Тексас за време на тестот синоќа, испраќајќи огнена топка високо во небото, но немаше повредени, соопшти компанијата во сопственост на милијардерот Илон Маск.
Во соопштението се вели дека ракетата Старшип (Starship) експлодирала додека се подготвувала за својот 10-ти тест лет во Страбејс (Starbase), местото за лансирање на СпејсИкс во Јужен Тексас.