Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија постигна убедлива победа од 32-19 на првиот од двата контролни натпревари со соодветната репрезентација на Србија. Избраничките на селекторот Симе Симевски на полувремето водеа со 12-10, но направија серија и обезбедија висока победа.