MENI

Франсоа Оланд: Грчките предлози се сериозни

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд ги оцени грчките предлози доставени синоќа до доверителите на Атина - ЕУ и ММФ, како „сериозни кои заслужуваат доверба“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според францускиот претседател, програмата на Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, ја покажува решителноста на Грција да остане во еврозоната.

Pages