MENI

Нефункционалните хидранти го ставаат во ризик животот на станарите во Велес

Колективните згради во Велес немаат заштита од пожари. Хидрантските мрежи иако постојат се нефункционални. Комплетно недостасува потребната опрема. Според пожарникарите, со ова се спречува брзата интервенција.

Дополнителен проблем е уништената громобранска инсталација. Никој не ја проверува нејзината исправност. Кај доградените поткровја воопшто и ја нема.

Инаку токму од удар на гром, неодмана во Кавадарци изгореа четири куќи. Поради ова, од велешката противпожарна единица апелираат куќните совети во зградите да се грижат за опремата која штити од пожари и грмотевици.

Pages