MENI

Две годишно дете загина во сообраќајка кај Рашче

Силен удар, шкрипење на автомобилски гуми, повици за помош. Стравична била сликата во скопско Рашче каде во сообраќајна несреќа двегодишно девојче го загуби животот.

Сликата сеуште сведочи за трагедијата која се случи неколку минути претпладне на мостот пред селото. Од силниот удар со комбето возилото излетало неколку метри од патот, а штетата говори за силината на ударот.

Pages