
Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против лицата Л.И.(31), Д.Д.(18), двајцата од струшкото село Франгово и Ш.М. (20) од селото Радолишта поради кражба на дрва.
Пријавените, според СВР Охрид, на 17 овој месец биле затекнати во бесправна сеча на букови дрва во шумски терен кај местото Гропа во атарот на струшкото село Франгово.