Голем интерес пројавија прилепчани за проектот “Македонија вработува”, кој денеска беше презентиран во центарот од градот. Според надлежните, благодарение на оваа активна мерка на Владата за намалување на невработеноста кај сите возрасни групи, досега во Прилеп се вработиле 200 лица, а 126 фирми аплицирале.
Од овие нови поволности на државата, задоволни се и работодавачите. Велат дека, освен што им се овозможува развој на бизнисот, во исто време, преку вработувањата тие им обезбедуваат егзистенција и на други лица.