MENI

Одѕивот на референдумот во Грција досега 35 проценти

Неколку часа по отворањето на избирачките места во Грција, значителен број Грци веќе го дале својот глас на референдумот за условите на меѓународните кредитори, јави БТА.

Приватната телевизија Мега соопшти дека одѕивот на избирачите е исклучително висок и оти досега гласале околу 35 проценти од гласачите, а пред местата за гласање во Атина има редици.

Pages